Инвестиција од 20 милиони евра: Груевски денеска во Кичево

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, денеска ќе присуствува на свеченоста по повод реализација на инвестицискиот проект за изградба на фабрика на американската компанија „Ки Сејфти Системс“ во технолошко – индустриската развојна зона Кичево, локалитет село Србјани. 

Во производствениот капацитет во кој ќе се произведуваат воздушни перничиња за автомобили е најавена инвестиција од 20 милиони евра и 800 работни места.  

„Ки сејфти системс“ е светски лидер во дизајн и производство на автомобилски сигурносни системи. Нивните производи се дел од повеќе од 300 модели автомобили.

Компанијата има меѓународна мрежа од 29 продажни и производствени капацитети и 5 главни технички центри лоцирани во САД, Германија, Кина, Јапонија и Јужна Кореја.

 

 

Оцени ја веста

15.07.2015 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега