Јавноста очекува оставки од поразените пратеници - тие немаат абер
ЈаПоразените пратеници во градоначлничката трка не реагираат на притисокот од ексепртите и јавноста. Иако сите очекуваат нивни оставки, тие и натаму остануваат „залепени“ за пратеничките клупи.
Исклучок беа пратениците Арбен Лабеништа од ДУИ и Изет Зекири од НДП, кои си поднесоа оставки на функциите. Лабеништа замина уште пред да почнат изборите, додека Зекири, ја напушти функцијата по поразот од Теута Арифи.
Експертите сметаат дека пратениците треба да ја следат етиката и да ја напуштат функцијата бидјеќи на локалните избори, грѓаните јасно им кажале дека во нив немаат доверба, па оттаму, тие веќе немаат легитимитет да ги претставуваат во Собранието.
Професроката Тања Каракимшева излезе со став дека е потребен Закон кој на пратениците ќе им забрани да ротираат од функција на функција. Според неа, тоа е пракса во многу европски развиени демократии, а таму каде што не е ограничено со закон, демократската култура си го прави своето, па политките претставници се збогуваат со функцијата.
Во Македонија ситуацијата е сосема поинкава. Со исклучок на Андреј Петров кој најави можна оставка, останатите пратеници, деновиве практично бегаат од медиумите и јавноста. По поразот на изборите, во јавност не се појавуваат ниту Јани Макрдаули, ниту Менде Диневски ниту останатите двајца пратеници на СДСМ.
Во ВМРО-ДПМНЕ поразениот Васил Пишев вчера за Дневник изјавил дека нема коментар на оставката на неговиот колега Зекири и можноста и тој да го следи неговиот пример. Во ДПА пак, поразениот Беким Фазлиу математички им објаснуваше на новинарите дека и натаму има легитмитет да ги претатвува граѓаните.
„Не се повлекувам од пратеничката функција бидејќи на локалните избори како кандидат на ДПА за Скопје повторно ја добив довербата на гласачите. За мене гласаа 15 илјади граѓани, а за пратеник ми требаа 10.000 гласа. Сметам дека имам легитимитет. Оставка би поднел само ако така одлучи партијата“ - рече Фазлиу за Дневник.