ЗНМ ги штити платениците и го срами македонското новинарство

Насер Зелмани и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) застанаа во заштита на платениците кои лажно се претставуваат како новинари, а кои по налог на опозицијата секојдневно одработуваат платенички акции, провоцираат, навредуваат и предизвикуваат инциденти, пишува Курир.

Според порталот, Селмани и ЗНМ се ставија во заштита на оние кои ги рушат принципите на новинарството и новинарските правила и стандарди. Еснафското здружение на новинари продолжува да молчи за приземните и недолични провокации на Саше Ивановски-Политико, кој секојдневно создава тензии, заедно со други опозициски активисти прекинува изјави, а не се исклучок ниту навреди и закани врз премиерот, шефот на државата, претседателот на Собранието, членови на Владата, градоначалници и пратеници.

„Со ваквото однесување на ЗНМ, уште еднаш се докажува дека здружението работи во функција на СДСМ и излегува со реакции кога истите се само од полза на оваа партија, која последниов период го допре дното со  ангажирањето на платеници рекетари кои треба да глумат новинари, што во основа претставува брутално рушење на новинарските стандарди и подривање на новинарската професија.

ЗНМ и Селмани се ставија во заштита на човекот кој оди по јавни настани, навредува, провоцира и предизвикува инциденти кои потоа се пренесени од медиумите на СДСМ, а Ивановски во тие медиуми се опишува како жртва.

Саше Ивановски, самонаречен Саше Политико не е новинар. Не припаѓа на ниту една редакција, а дека не е новинар потврди и со судски исказ, како што ни неговиот сајт не е информативен туку бил негов личен портал. Според тоа, ни правно ни формално со ова лице не може да стане збор дека се работи за новинар.“ - анализира Курир

Според порталот, преку молкот и штитењето на вакви платеници кои лажно се претставуваат како новинари, ЗНМ и Селмани ги уриваат принципите на новинарството, прераснувајќи во алатка на опозицијата, наместо да ја вршат улогата на независен заштитник на новинарските норми.

 

 

 

 

Оцени ја веста

13.07.2015 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега