Уште еден земјотрес ја стресе Македонија
Попладнево во 12:45 часот е регистриран земјотрес со интензитет од 4,5 степени според Рихтеровата скала. Од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет информираат дека епицентарот бил на околу 170 километри јужно од Скопје, на територијата на соседна Грција.
Земјотресот е почувствуван во јужните и југозападните делови на Македонија со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала-1998.