Скопјани се тепале со се што им дошло при рака

 

Утрово во два часот по полноќ на улицата Џумајска во Скопје се степале двајца скопјани.

Се работи за 67-годишниот С.И. и 51-годишниот И.М. кои си размениле удари со тупаници, а притоа употребиле и разни предмети  нанесувајќи си повреди.

Со возило на Брза помош истите се пренесени на лекување во Ургентниот Центар во Скопје , каде кај С.И. се  констатирани  тешки телесни повреди,а кај И.М.  телесни повреди.

Од страна на СВР-Скопје во тек се мерки за  целосно расчистување на  случајот по што ќе следи соодветен поднесок.

најчитано сега