Истрагата за „Куманово“ е во тек и јавноста е информирана за сите случувања

Министерот за внатрешни работи Митко Чавков изјави дека не сака да полемизира за случајот „Куманово“ ниту со СДСМ, ниту со други политички партии.

„Има значителен број злонамерени шпекулации со кои се сака да се девалвираат капацитетите на МВР и не само на МВР туку и на останатите институции“, истакна Чавков одговарајќи на новинарски прашања по посета на граничниот премин Табановце.

Министерот истакна дека истрагата е во тек, дека се спроведува обвинително-судска постапка, како и дека има интензивна комуникација на меѓународно ниво за размена на докази.

На прашање во врска со пишувањата дека состојбата во Македонија може да ескалира, тој потенцира дека се читаат сите извештаи и дека внимателно се следат сите состојби во државата.

Чавков посочи дека секако дека има ризици и индикатори за загрозување на безбедносната состојба, но не само во Македонија туку и во останатите делови од ЕУ и пошироко. Според него, се преземаат максимални оперативни мерки за навремено да се утврдат заканите и ризиците.

„Оперативното ниво останува подигнато со оглед на тоа што е и туристичка сезона. Мислам дека успеавме да ја одржуваме јавната безбедност на соодветно ниво“, изјави Чавков.

 

 

Оцени ја веста

11.07.2015 - 13:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега