Нека не ве лаже дождот, пеколот допрва ни доаѓа: Што ќе се случува?

Жолтата алертна фаза ќе се задржи и во текот на викендот. Во петок претпладне ќе преовладува облачно време со сончеви периоди кога се уште ќе има локални врнежи од дожд со појава на ретки грмежи, а ќе дува и умерен до засилен северен ветер кој ќе услови опаѓање на температурата која ќе се движи помеѓу 28 и 35 степени.

Од сабота следува период на стабилно време со благ пораст на дневната температура. 

Времетo во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. На одделни места особено во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста, а ќе има услови и за краткотраен пороен дожд со ретки грмежи, особено повеќе услови за врнежи ќе има во југозападниот дел од земјава. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветар од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од 15 до 21 степен, а дневната од 27 до 35 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерна облачност, како и со умерен, а повремено засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 20, а дневната ќе се искачи до 31 степен.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

 

 

Оцени ја веста

10.07.2015 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега