ДЗС: За квалитетен попис е потребно почитување на меѓународните стандарди

Македонија ќе успее да спроведе квалитетен попис на населението кога ќе биде подготвена да ги почитува меѓународните стандарди. Тоа е главниот предуслов, се друго е логистика, истакна денеска директорката на Државниот завод за статистика Благица Новковска.

Одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето на Меморандумот за соработка со претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, Новковска нагласи дека во ДЗС се вработени Албанци, согласно Законот за јавна администрација, но и според нивните способности, образование и работно искуство. Станува збор, посочи, за особено висока специфична дејност која бара високи познавања и подготвеност.

Според Новковска, Албанец раководи со најголемиот сектор во Заводот, кој ги покрива регионалните одделенија и опфаќа околу 30 отсто од вкупниот број вработени.

најчитано сега