Уапсен поп-пејачот Димитар Андоновски

 

Ноќеска во битолско кафуле бил уапсен поп-пејачот Димитар Андоновски. Според македонскиот портал Телеграф, полициски инспектори ноќеска околу 1 часот се појавиле во кафулето на Андоновски и му побарале лична карта. Момчето немало никакви документи за идентификација, па полициските службеници веднаш го привеле. Младиот пејач тврди дека бил и вербално нападнат од командирот на полициската станица.

Својот револт од оваа случка, Андоновски го изразил на својот профил на „Фејсбук“ .

најчитано сега