Кривичниот суд ќе му пресуди на Вранишковски

 

Денеска Кривичниот суд ќе ја објави пресудата за акцијата Расколник, во која се обвинети Јован Вранишковски и осумнаесетмина следбеници и роднини. 

Лицата беа уапсени пред една година, а се товарат за перење пари. Според обвинението, тие се обиделе да ги пуштат во промет парите кои Вранишкоски ги проневерил од МПЦ и со нив да купат недвижен имот и земјиште.

Вранишковски тврдеше дека е невин и дека неговата полициско судска голгота почнала откако ја основал ПОА.

Расчинетиот Владика на МПЦ веќе заработи 2 и пол години затвор за проневера на 250.000 евра пари на МПЦ.

ФОТО: Денешен

 

најчитано сега