ВИДЕО: Американците против шпиунирањето: Револуционерен анти - НСА телефон наскоро во продажба
Американската фирма ТРИ (Turing Robotic Industries) на 31 јули ќе го пушти во продажба својот заштитен смартфон ТП (Turing Phone) кој не може да го прислушкува дури ни Американската национална служба (NSA).
ТП ќе биде достапен во верзии со мемориски простор од 16 до 128 гигабајти, а ќе се продава по цена од 610 до 870 долари.
Преку тој смартфон, сите разговори и размена на податоци ќе бидат шифрирани, за да се избегне обидот за шпиунирање.
Телефонот го користи оперативниот систем Андроид Лолипоп. ТП е заштитен и од физички и климатски влијаниа благодарејќи на куќиштето направено од нов материјал кој е поцврст од челик или титаниум. Уредот е и водоотпорен до 10 метри длабочина.
Смартфонот е голем 5,5 инчи (13,75 сантиметри) со четворојадрен процесор од 2,5 гигахерци, РАМ меморија од три гигабајти, две камери од 13 и 8 мегапиксели и читач на дигитални отисоци со кој се отклучува.
Телефонот на почетокот ќе може да се порачува само преку веб страната на производителот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа