Доаѓа топлотен бран над Македонија - температури до 40 степени

Времето утре  ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне во крајните североисточни делови е можна изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.
Утринската температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а дневната од 28 до 35 степени, УВ = 8.
          

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе биде околу 17, а дневната ќе достигне до 33 степени.

Од понеделник нашето подрачје ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југозапад, која во наредните денови ќе услови надпросечни дневни температури. Особено топло ќе биде во среда и четврток кога на повеќе места температурата ќе надмине 36, а во југоисточните делови можно е да достигне и до 40 степени.

 

 

 

 

Оцени ја веста

04.07.2015 - 23:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега