Кафе 30 денари, пиво 60 лежалките бесплатни: Не се двоумете каде да одите летово на одмор

30 денари за кафе, од 60 до 80 за пиво, а лежалките гратис. Езерото е исто,водата е чиста благодарение на реката Црн Дрим а услугата далеку по квалитетна од било каде во Македонија
Цена за кревет во приватно сместување е од 250 денари па нагоре и тоа во самиот град на оддалеченост од 150 метри од уредените плажи. Струга е мал град па кола или такси нема да ви треба воопшто , се е на помалку од 15 минути пешачење.За разлика од други места  инциденти  поврзани со странци (туристи) последните 13-14 гоини воопшто нема а овој факт Струга ја прави најбезбедно место за летување во државава, пишуваат локалните струшки сајтови.

Сите плажи се со интернет покриеност, чисти,уредни а до секоја плажа има и минимаркет па не ке мора да купувате ресторантска храна , денот ке го поминувате како да сте дома , дури и поефтино.
Изберете сами каде ќе летувате ова лето!

 

 

Оцени ја веста

04.07.2015 - 22:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега