ВИДЕО: Охрид доби патека по европски стандарди

Финишираа градежните активности за изградба на првата фаза од модерната пешачка и велосипедска патека во Охрид.

На патеката која е со широчина од 12 метри, а должина 210 метри, обележан е просторот за велосипеди, поставени се клупи, чешми за вода, канделабри во традиционален стил и бетонски жардинери, во кои се засадени цветни леи, листопадни дрвја од видот „каталпа“ и декоративни зимзелени грмушки.

Првата фаза од проектот ја реализираа фирмите „Еуро стил“ од Охрид и „Инсталација“ од кичевско Длапкин Дол.

За изградбата на овој дел од патеката, Локалната инвестираше 150 илјади евра.

Втората фаза од патеката до хотелот Парк ќе отпочне по завршувањето на туристичката сезона.

 
 
 

 

Оцени ја веста

04.07.2015 - 20:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега