Проектот „Македонија вработува“ претставен пред прилепчани

На плоштадот „Методија Андонов Ченто“ во Прилеп, Агенцијата за вработување и Центарот за вработување од Прилеп го претставија владиниот проект „Македонија вработува“. Преку флаери и детални објаснувања, на прилепчани им беше целосно претставен овој голем проект.

Според директорката на прилепскиот Центар за вработување Силвана Пашоска, проектот привлече огромен интерес меѓу прилепчани.

- Во Прилеп се повеќе од задоволителни резултатите од владиниот проект „Македонија вработува“. Досега имаме вклучено 126 фирми и има веќе 200 вработувања. Интересот е многу голем, изјави Пашоска.

Во Центарот за вработување има тимови, кои, како што рече таа, постојано се на терен, ги информираат работодавците и невработените лица.

- Проектот е прифатен од двете страни. Има поволни можности за сите категории невработени, посебно за повозрасните со многу поволности. Очекуваме со овој проект драстично да се намали невработеноста во Прилеп, вели Пашоска.

Со владините проекти за вработување од 2007 година во Прилеп невработеноста се намалила од 24.900 на околу 15.000 лица

 

 

Оцени ја веста

04.07.2015 - 15:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега