Важна информација за возачите
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.
Според информацијата од Министерството за транспорт и врски, од денеска започнува со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 31.08 на државните патишта во Република Македонија со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Измената во временските интервали е следната: петок од 17.00-22.00 часот, сабота 09.00-18.00 часот и недела 09.00-22.00 часот, и оваа забрана се однесува за период од 01.07 (јули) до 31.08 (август) секоја тековна година.
Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот.
Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.
Предлогот за измена во термините е во насока на подобрување на комуникацијата и зголемување на безбедноста на сообраќајот.
Од денеска започнува со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 01.09 на магистрален пат А2 делница: Скопје – Охрид - Скопје со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони.
Во однос на ограничувањето од минатите години има измена во временските интервали со цел овозможување на движење на тешките товарни возила во малку поширока временска рамка со што би се создале услови за неоптовареност на сообраќајните токови на горенаведената патна делница.
Измената во временските интервали е следната: наместо временските периоди за време на викендите и тоа петок од 15.00-24.00 часот, сабота 07.00-24.00 часот и недела 07.00-24.00 часот, забраната би се однесувала на период за време на викендите и тоа петок од 15.00-22.00 часот, сабота 07.00-12.00 часот и 18.00-24.00, и недела 07.00-22.00 часот, и оваа забрана се однесува за период од 01.07 (јули) до 01.09 (септември) секоја тековна година.
Предлогот за измена во термините е во насока на подобрување на комуникацијата и зголемување на безбедноста на сообраќајот.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани - Делчево, Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Градежното Друштво “Гранит” АД Скопје (Р.Е. Свети Николе – Штип) изведува градежни работи на магистралниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од 26+396,00 до 47+107,00 км. Сообраќајот е целосно затворен до целосно завршување на активностите (период од 2 години) на делницата, на потег км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково), со пренасочување на сообраќајот преку регионалниот пат P 1204.
АД Бетон изведува градежни работи за санација на свлечиште Маврово, кај делницата од брана Маврово до с. Маврово. Патниот правец е затворен за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси. Сообраќајот за патничките возила се одвива според времен режим, а за тешките товарни возила и автобуси се одвива преку с. Леуново.
Теренските активности на патниот правец Превалец (Кочани) - Делчево продолжуваат да се одвиваат до 09.07.2015. Работите се изведуваат од 06.00 до 19.00 часот.
Поради изведување работи на мостовите и асфалтирање на патниот правец Велес - Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим на сообраќај, и тоа:
- од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово, и
- од с. Лозово преку с. Сарамзалино до клучка Кадрифаково.
На сите овие патни правци за изведувањето на градежните работи има поставено соодветна патна и сообраќајна сигнализација.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
Служба за помош и информации на пат (02) 15 555.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа