ВИДЕО: Драма во штипско - камен пијан возел комбајн, цело село спасувало жива глава

 

Деца и стари бегале пред пијан комбајнер кој дивеел среде Кучичино. Инцидентот се случил синоќа додека средсело имало најмалу 30-тина жители од селото, пренесе ТВ Стар.

Сите тие биле во опасност од несовесноста и неодговорноста на комбајнерот кој машината ја вклучил и тргнал да се вози со неа:

„Дојде од онаму, удри во ѕидот. Овде имаше 20-тина деца, ако не го спореа навреме, сите ќе ги испогазеше“, рече жител на с. Кучичино.

Диивеењето го смирил жител од селот кој за да го споре комбајнерот, на ризик го ставил сопствениот живот:

„Горан се качи да го сопре. За малку ќе загинеше и тој“ велат овдешни жители.

 

30-тината присутни жители денес се’ уште се во страв од она што можело да се случи. За среќа, господ вчера имал милост кон нив, па како што можело да биде, поминале добро:

„Нема жртви, ама беше страшно. Можеа да загинат многумина“, велат тие.

Сепак, освен на неодговорниот соселанец, овдежните жители се лути и на кочанската полиција. Иако неколкупати барале интревенција, никој од нив не се појавил во селото.

 

 

Оцени ја веста

30.06.2015 - 21:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега