Визер со нови пет светски туристички дестинации
Преку поволни цени од само 1.200 денари па нагоре, македонските граѓани ќе имаат можност од скопскиот аеродром „Александар Велики“ да летаат до нови пет атрактивни туристички дестинации.
Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, генералниот директор на ТАВ Македонија Зоран Крстевски и портпаролот на нискотарифната авиокомпанија Wizz Air Даниел де Карваљо, денеска официјално го означија почетокот на новите пет директни линии од Скопје до Барселона, Осло, Фридихшафен, Нирнберг и Хамбург.
Министерот Мисајловски истакна дека резултатите од субвенционирањата на нискотарифни летови се покажаа како оправдани и додаде дека се очекува бројот на патници дополнително да биде зголемен, а преку новите линии ќе се зголеми и бројот на странски туристи кои ќе ја посетат Македонија.
Генералниот директор на ТАВ Македонија најави дека на 1 јули ќе биде промовирана уште една нова директна линија од охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ до Базел.
Портпаролот на Wizz Air истакна дека Македонија е многу добар пример како една земја за само три години успеа да се поврзе со голем број дестинации.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа