Не правете планови за одмор - метеоролозите носат лоши вести

 

Времето денеска ќе биде променливо облачно, од пладневните часови ќе има повремен локален дожд, особено во планинските региони. Попладне во планинските делови ќе има и услови за краткотрајна нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието. Утринската температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а дневната од 23 до 29 степени.               

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Од пладне ќе има услови за повремен слаб дожд. Утринската температура ќе биде 15, а дневната ќе достигне до 28 степени.

До среда ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд, особено во попладневните часови, кога ќе има и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен северен ветер, кој повеќе ќе биде изразен вдолж Повардарието. Од четврток ќе преовладува претежно сончево и потопло време, попладне со умерена облачност. 

Доколку правите планови за одмор, избегнете ја престојната недела, бидејќи временските услови нема да дозволат вистинско уживање на плажа. Препораките на метеоролозите се на одмор да заминете следната недела за кога се најавуваат вистински летни температури.

 

 

Оцени ја веста

29.06.2015 - 11:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега