Груевски: Нова германска инвестиција ќе вработи 500 лица
Министерот Бил Павлески ме информираше дека друга германска компанија за производство на електрични уреди исто така донела одлука на нивниот борд на директори да инвестираат во ТИРЗ Скопје 30 милиони евра и да вработат 500 лица, рече премиерот Никола Груевски на Годишната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
-И тие веќе регистрираа компанија во Македонија и отворија канцеларија и ги имаат вработено првите неколку луѓе.Уште повеќе што оваа компанија пред две недели потпиша договор со ТИРЗ за закуп на парцела на која ќе се гради фабриката, рече Груевски.
Премиерот нагласи дека од друга страна неделава министерот Висар Фида најавил дека една швајцарска компанија која произведува соларни панели има донесено интерна одлука за инвестиција од 11 милиони евра и до 500 вработувања, исто така во зоната во Скопје.
-Неодамна беше објаевено дека МК има најголем раст на странски директни инвестиции по глава на жител во 2014та споредено со 2013та.Две години по ред, 2013та и 2014та, имаме економија со втор највисок раст во Европа, а самата ЕК објави дека годинава 2015та, и следната 2016та, очекува најголем раст на економијата во Македонија во цела Европа, и тоа и оваа и следната година. Пак ќе прашам.Кога го имало тоа порано? Никогаш. Затоа ВМРО-ДПМНЕ е тоа што е денес, и затоа УМС е тоа што е денес. Затоа што има и многу работа, и многу резултати, рече Груевски.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа