Македонците на море - сѐ повеќе странци на македонските езера
Понуди за сечиј вкус и џеб. Летната туристичка сезона стартува со полна пареа. Туристичките агенции се со полни раце работа. Инересот за летување е голем, а на некои локации веќе се распродадени аранжманите за целата сезона. И оваа сезона Македоците најчесто ќе летуваат на плажите во соседството. Поради ситуацијата со должничката криза во Грција, многу граѓани грчките плажи ќе ги заменат со оние во Бугарија, Турција, Хрватска и Албанија. Се бараат и поексклузивни дестинации, па така, оваа летна сезона Египет е една од поегзотичните кои се нудат и за кои има побарувачка. Шпанија и Малта, исто така остануваат интересни за македонските туристи кои сакаат поегзотичен одмор, пишува Лидер.
Туристичките работници задоволни од продажбата на аранжманите, велат дека се менуваат навиките на македонските граѓани кога станува збор за годишниот одмор. Примамливите промотивни пакети ги тераат туристите да направат резервации уште од почетокот на годината, за поевтини цени. Од друга страна, има и такви кои совјот годишен домор во текот на летото го планираат пред и после шпицот на сезоната.
-Се трудиме секогаш да имаме некоја специјална и актуелна понуда и која е поволна за граѓаните, вели Ана Крстевска, вработена во туристичката агенција.
Туристичките работници велат дека Македонците со подлабок џеб, најчесто се решаваат за хотелски аранжмани и подалечни дестинации. Најевтините аранжмани се движат од околку 300 евра, па се до 4.000 евра по лице, зависно од локацијата, услугата и сместувањето.
Истовремено, новите евтини авиолинии од македонските аеродроми се примамливи за македонските граѓани, посебно оние за Шпанија (Барселона) и Германија, кои се причина повеќе наместо на плажа, летниот одмор да се помине во некоја од европските метрополи, велат од туристичките работници. Евтините авиолинии, исто така ќе придонесат за раст на бројот на странски туристи во земјава.
Расте бројот на странски туристи во Македонија
Туристичките работници и хотелиерите оваа сезона очекуваат голем број странски турисити во Македонија, посебно на охридското крајбрежје. Се надеваат дека и годинава ќе има успешна сезона, иако неодамна имаше откажувања на дел од аранжманите поради актуелната политичка ситуација во земјава.
Покрај охридското крајбрје, расте интересот и за Преспа и Дојран. Туристите од Бенелукс веќе се стационирани во Охрид и Струга, а се најавуваат и туристи од соседството, Србија, Бугарија и Грција, како и туристи од Турција и Русија.
-Нашиот партнер од земјите на Бенелукс ги продолжува договорите со хотелиерите на Охридско струшката ривиера, со потпишување на нови три годинишни договори, кои изнесуваат неколку милиони, вели директорот на Фибула травел, Асим Меџедовиќ.
Од здружението на хотелиерите, ХОТАМ, велат дека Охрид и Струга треба да се единствени во туристичката понуда и целото крајбрежје да биде една поголема дестинација која ќе биде привлечна за туристите кои доаѓаат од странство.
Истовремено, се поатрактивни за странските туристи се и македонските планини, како и организираната посета на верските објекти, односно турите низ македонските цркви и џамии. За оваа сезона, само од земјите на Бенелукс се очекуваат 25.000 туристи, а со новите чартер линии од Охридскиот аеродром, овој број ќе биде значително поголем.
Статистиката покажува дека трендот на раст на бројот на странските туристи во земјава продолжува и годинава. Во периодот од јануари до април, зголемен е бројот на туристи за 8,7%. Растот кај странските туристи во првите четири месеци од годинава изнесува 19,8%, додека само во април е забележан раст од 31%.
Во 2014-та година, туризмот во земјава порасна за речиси 5%. Во последниве четири години, пак, бројот на туристи е зголемен за 25%.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа