ФОТО: Тука ќе се решаваат проблемите на велешани - Димовски и Коџабашиев добија пратеничка канцеларија
Пратениците Илија Димовски и Ѓорги Коџабашиев за сите сугестии, иницијативи или проблеми со граѓаните ќе разговараат во новоотворената пратеничка канцеларија во Велес.
-Со отворањето на пратеничката канцеларија за комуникација со граѓаните уште повеќе ќе ја засилиме комуникацијата со велешани. Секој работен ден асистент ќе ги закажува состаноците, а пратениците секој петок ќе бидат тука достапни за решавање на проблемите на граѓаните, вели Коџабашиев.
Димовски посочи дека сите идеи кои ќе бидат конструктивни, за нив како пратеници ќе бидат обврска истите да ги преточат во собраниски иницијативи.
-Покрај средбите со граѓаните, оваа канцеларија ќе биде место за секојдневни иницијативи, предлози, сугестии кои ќе доаѓаат од граѓаните, а ќе значат подобрување на законската регулатива или интервенција до одредени државни институции во смисла на подобра, поефикасна, подинамична и поуслужлива работа, истакна Димовски.
Градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев истакна дека реализацијата на оваа канцеларија е по постигнатиотТтипартитен договр помеѓу Собранието , ЕН ДИ АЈ и ЗЕЛС.
-По донесената одлука на Советот на општина Велес овој простор го отстапивме на велешките пратеници за потребите при остварување на нивната комуникација со граѓаните на општина Велес. Обврската на општината се исполни и од денес на пратениците им ги предаваме просториите, нагласи Чадиев.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа