Завршува рокот за пријавување штети од град во Росоманско
Денеска завршува рокот за пријавување штети од врнежите од град кои го зафатија Росоманско пред десетина дена, пишува МИА.
Како што информираше градоначалникот на Росоман Стојанче Лазов, потоа на лице место ќе се утврдуваат последиците кои градобијните зрна ги оставија врз земјоделските култури.
- Од невремето најмногу се погодени земјоделските култури во атарите на росоманските села Манастирец и Сирково. Поголемиот дел од овоштарите од најголемиот регион за производство на праски во Македонија во кој се произведува еден процент од светското производство на овој вид овошје, го имаат осигурано својот род во некоја од осигурителните компании, појасни Лазов.
Во Росоманско во тек е бербата на праските од страна на овоштарите кои не претрпеа штети во своите насади со праскови дрвца.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа