Доделени 40 ваучери за новороденчиња во општина Кисела Вода

 

Нови 40 ваучери со еднократна парична помош за новороденчиња, додели денеска градоначалничката на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ.

„Денешниов настан е дваесет и четврто доделување ваучери на семејствата од општина Кисела Вода кои имаат принова, или со други зборови, точно две години на новите родители од овој дел на градот им излегуваме во пресрет за оние први потреби кои доаѓаат заедно со новороденчето“, изјави градоначалничката.

Досега се доделени 1.058 ваучери за новороденчиња во општина Кисела Вода, а овој проект ќе продолжи и во иднина.

 

 

 

Оцени ја веста

25.06.2015 - 12:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега