АМСМ со важна вест за возачите
Денеска и утре (четврток и петок), сообраќајот на патниот правец А2 Кичево – Охрид, кај месноста Лавчанско речиште, ќе биде во прекин од 16:00 до 17:00 часот, поради изведување градежни работи (минирање).
Денеска на патниот правец А2 Кичево - Охрид (Пресека - Врбјане) поради изведување градежни работи (минирање) сообраќајот ќе биде во прекин од 15:00 до 17:00 часот.
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани - Делчево, Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Градежното Друштво “Гранит” АД Скопје (Р.Е. Свети Николе – Штип) изведува градежни работи на магистралниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од 26+396,00 до 47+107,00 км. Сообраќајот целосно е затворен до целосно завршување на активностите (период од 2 години) на делницата, на потег км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково), со пренасочување на сообраќајот преку регионалниот пат P 1204.
АД Бетон изведува градежни работи за санација на свлечиште Маврово, кај делницата од брана Маврово до с. Маврово. Патниот правец е затворен за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси. Сообраќајот за патничките возила се одвива според времен режим, а за тешките товарни возила и автобуси се одвива преку с. Леуново.
Поради изведување работи на мостовите и асфалтирање на патниот правец Велес - Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим на сообраќај, и тоа:
- од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово, и
- од с. Лозово преку с. Сарамзалино до клучка Кадрифаково.
На сите овие патни правци за изведувањето на градежните работи има поставено соодветна патна и сообраќајна сигнализација.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
Служба за помош и информации на пат (02) 15 555.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа