Пратениците работат со полна пареа: Закажани три собраниски седници
Собранието на Република Македонија за денеска треба да расправа по закони и одлуки кои се на дневен ред на три седници.
На дневен ред на 54-та седница, меѓудругите, се Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за хемикалии, во прво читање, Предлог на закон за урбано зеленило, Предлог на закон за изменување на Изборниот законик на Република Македонија, како и барањето за давање на автентично толкување на член 5-б став 2 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти.
Во рамки на 43-та седница, пак, македонските парламентарци треба да го разгледаат Годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето, почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2014 година.
На дневниот ред на 58-та седница, која е трета што Собранието ја закажа за денеска, е само Предлог одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа