Улогата на Шекеринска во креирањето политичка криза и нанесувањето на штета на Македонија!

 

Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска зад грбот на Заев ги проследува презентациите на нелегално стекнатите материјали кои опозицискиот лидер со месеци ги презентира пред јавноста, пишува Курир

Со молк, вртење со глава и климнување таа реагира на креираните материјали кои опозицијата ги објавува. Целата одговорност ја остави во рацете на Зоран Заев и кукавички одлучи да биде само нем следбеник на политичката криза. Но, оваа слика е само навидум точна.

Улогата на Шекеринска во креирањето политичка криза и нанесувањето на штета на Македонија е всушност многу поголема. Курир го анализира целото нејзино дејствување во изминатиов период и целата нејзина улога во исполнувањето на црното сценарио на СДСМ.

Како што одамна се зборува во партиските редови, токму таа му е главниот советник на Заев и нејзини се идеите што, како и кога да биде објавено. Таа во свои раце ја држи стратегијата на делување на СДСМ, но пред јавноста самата се става во позадина на случувањата за да избегне било каква одговорност. Со ваквото однесување, таа директно го фрла Заев во оган, да ја сработи нејзината агенда, а само тој да го понесе теретот од состојбата.

Кога лидерот ќе направи некој кикс или грешка, таа реагира со превртување на очите и нервозна гримаса.

Пред самиот почеток на кризата во која оваа двојка ја втурна Македонија, Шекеринска ја имаше главната улога во комуникацијата со членството кое заедно со Заев го манипулираа со бомбастични најави за бомби, но и се закануваа до сопартијците со она што тие го поседуваат. Тие го купуваа трпението на пратениците од своите редови, кои ги оставија без работа за да си ги остварат преку нив сопствените цели.

Шекеринска беше дел од скандалозниот документарец објавен на Алџезира кој единствено имаше за цел да ја прикаже Македонија во најлошо можно светло, а овој момент беше совршен за неа за да ја искаже својата омраза кон земјата во која живее.

Создавањето на политичка криза за свои интереси од страна на СДСМ, всушност не беше најстрашното што и се случи на нашата земја. Шекеринска и Заев посакуваа и безбедносна криза во Македонија, а желбата почнаа да си ја исполнуваат на протестот пред Влада каде нивното членство со бекатон плочки, стапови, камења и шипки маваа по полицијата.

За да биде сигурна дека се ќе тече по планираното, таа беше на лице место на насилните протести, а тоа го забележаа и камерите.

Откако првично ги координирала партиските протести од едно кафуле во близина на Владата, заменик претседателот на СДСМ Радмила Шекеринска отишла на лице место да има надзор врз работите и одвивањето на протестот.

Она што се погласно се зборува во кулоарите е дека Шекеринска е главната врска меѓу СДСМ-СОРОС и медиумите под опозициска контрола. Токму таа, како што велат нашите извори, ги координира и смислува рафалните напади врз македонската Влада од страна на медиумите финансирани од СОРОС. Потсетуваме на аферата Фабрика, каде токму Шекеринска со новинари под своја контрола креираше текстови кои потоа се објавуваа во низа медиуми.

sekerinskabobo

Таа не застана да одржи ниту една прес-конференција иако има клучна улога во партијата. Не се одважи ниту да одговори на новинарско прашање на Курир, откако за неа изби голем скандал со становите кои ги поседува, оној каде живее и зема пари за кирија од 5000 евра.

Големиот скандал кој изби во јавноста покажа дека Шекеринска и сопругот не застанале само со овој стан со грандиозна сум на пари. Самите на себе си издавале не еден, туку дури 4 станови.

Според документите  до кои дојде Press24 семејството на заменичката на Заев во периодот од 2009 до 2013 година само за кирии самите на себе си платиле неверојатни над 320.000 евра или нешто над 20 милиони денари, објави Пресс 24.

stanoviii

Според документите, станува збор за 4 станови од кои 3 во Скопје и еден во Охрид сите сопственост на семејството Јанковски – Шеќеринска.

Познавачите на состојбите велат дека ова е начинот на кој Бобо и неговата сопруга ги извлекувале парите од сметките на фирмата Дајнерс што отвара сериозен простор за сомнеж дека двоецот Јанковски – Шеќеринска се вмешани во мега скандал поврзан со големо даночно затајување.

dogovororada

Со овие мегаломански суми на пари кои ги “переле“ заменик-претседателката на СДСМ и Бобо Дајнерс, уживаат луксуз во земјата за која Шекеринска обвинува дека живее во сиромаштија. На Шекеринска воопшто не и е важно како живеат нејзините сограѓани, туку само гледа за себе. И лидерот на опозицијата не се срамеше да истакне дека живее на висока нога, поубаво од голем број на Македонци.

Добро упатени извори по избивањето на овој скандал велат дека за ваков случај надлежното Јавно обвинителство треба веднаш да покрене кривичен предмет за кривичното дело даночно затајување според членот 279 од Кривичниот законик.

Она што е иронично е фактот дека оваа политичарка најмалку има право да критикува одредени политики и да претендира да дојде на власт, претставувајќи се како чесна. Граѓаните многу добро ги помнат нејзините политички чекори од минатото, нејзините лаги, криминални одлуки и манипулирање со народот.

Нејзините „По еден вработен во секое семејство“, „Бомбона бизнис“ и „Некои прашања не заслужуваат одговор“ не и донесоа ништо добро на нашата земја, туку и нанесоа непоправлива штета.

Но, она што најголемиот дел од јавноста го дозна пред извесно време, најдобро го отсликува ликот на заменик претседателката. Шекеринска живее луксузно и ужива во цело богатство, а лажно се бори против сиромаштијата во оваа земја.

Радмила Шекеринска нема кредибилитет пред народот. Таа беше десна рака на Бранко Црвенковски за време на неколкукратните изборни порази на СДСМ. Сега, по катастрофалниот изборен резултат кој го доживеа и Зоран Заев, таа повторно го носи главниот збор.

Шекеринска всушност и сама си ги измери силите на избори, но доживеа целосен потоп.

Одговорноста за целата ситуација во која СДСМ ја втурна Македонија, но особено за силната штета која опозицијата ја направи на македонскиот народ, подеднакво треба да ја чувствуваат и Заев и Шекеринска. Таа воопшто не одигра наивно, туку мудро го втурна Заев во оваа игра.

Шекеринска како искусен политичар многу добро знае дека СДСМ нема да излезе како победник од состојбата во која како заложници го држат цел народ со уцени и закани за материјали од нив кои наводно ги поседуваат.

Сосема и е јасно и дека на следните избори, во нивниот штаб нема да се слави партиска победа. Но главната порака на Шекеринска ќе и ја испрати народот кој таа го потцени без да знае дека токму од него таа е одамна “прочитан политичар.“

 

 

Оцени ја веста

24.06.2015 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега