„Ало Докторе" му го спаси животот на 40-годишен маж

 

“Ало докторе” го спаси животот на 40 годишен жител од Источна Македонија кој бил каснат од змија. Како што објави Сител, убодот од влекачот го добил викендот кога со другарите бил на планинарење на Плачковица.  Бидејќи биле оддалечени од  Радовиш, а на Брза Помош и треба време да стигне на планината, единствен спас им бил телефонот.

Еден од другарите се јавил на 15123 и дежурниот лекар во кол центарот им кажал  што да направат додека стигнат до најблиската здравствена установа. Советите биле успешни.

-Значи се покажа дека граѓаните ја користат „Ало докторе“, особено кога се во поодалечени места. За конкретниот случај лекарот им кажал да го преврзат местотот над убодот кој бил во потколеницата за да се спречи евентуалното ширење на отровот доколку каснувањето било од отровна змија, вели за Сител Татјана Баевска Вучковиќ директор на Здравствен дом Скопје

Додека стигнат до установата, совет од инфектолозите е да не се масира местото на убод, да не се засекува со нож ниту пак да се користат надрилекарства. 

 

 

Оцени ја веста

23.06.2015 - 08:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега