СДСМ креира криза - ВМРО-ДПМНЕ создава економска експанзија

 

Премиерот Груевски во своето обраќање по Тој направи паралела дека за разлика од опозицијата чие дејствување е засоновано на креирани материјали, немање на понуда, туку обвинување и креирање на криза, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реализација на ветеното.

-Поддршката од народот, не доаѓа онака без причина. Таа не е ниту случајна, ниту роденденски поклон. Таа е заслужена, со многу труд, со многу залагање, со многу работа, со многу проекти, со многу реформи и со држење до дадениот збор пред народот и исполнување на ветеното. И со лојаност кон народот, кој ни ја дава таа доверба, и тоа токму тогаш кога сме му најпотребни, рече лидерот на владејачката партија.

Груевски истакна дека работата најдобра ја чувствуваат земјоделците кои инаку оваа година ќе добијат нови 150 милиони евра субвенции,  пензионерите кои ќе имаат покачена пензија за 5 отсто или  примателите на постојана и социјална парична помош која се покачи за нови 10 отсто.

- Тоа добро го почувствуваа земјоделците, и преку субвенциите, и преку доделувањето на државното земјиште за обработка кое претходно не се даваше, а за нив живот значи  и преку помошта по основ на десетици програми, но и преку реакцијата на владата, кога тие неодамна се соочија со најголемите поплави и штети во последните 40 години.Тоа добро го почуствуваа и пензионерите, преку нашето држење до дадениот збор за покачувањето на пензиите, но и на редици привилегии за оваа категорија на луѓе.Тоа го чуствуваат и младите преку беспалтното школување, симболичните цени на студирање, плаќањето на студирање на најпрестижните универзитети на светот, бесплатните  компјутери и портали, но и преку како никогаш досега отворањето на нови работни места во Република Макеоднија, и намалувањето  на стапката на невработеност од 38 на 27,3 отсто, во период кога се боревме со стихијата и на светската и потоа на европската должничка криза, период во кој во речиси сите други земји невработеноста растеше кај нас се намалуваше, истакна премиерот.

Груевски вели дека промените ги чуствуваат и граѓаните кои ги гледаат промените и инвестициите во патната инфрастркутура, градбата на три нови автопатишта и најавата на нов автопат,  градбата на железницата кон Бугарија, како и од Битола кон Грција, и градбата на гасоводо тод Куманово кон Штип.

-Тоа го почувствуваа и сите граѓани преку стотиците изградени и реконструирани локални и регионални патишта, градбата  на обиколницата околу Скопје, автопатскиот дел од 9 километри меѓу Куманово и Табановце, и моменталната градба на три автопати, едниот Кичево-Охрид, вториот Скопје-Штип и третиот Демир Капија Смоквица, додаде македонскиот премиер.

Инаку Груевски најави дека во јули-август годинава почнува реконструкција на автопатскиот дел Смоквица-Гевгелија, 10 километрим, а во декември истото на потегот Куманово Скопје, 23 километри. Штип-Радовиш проектот ќе е готов до октомври, а во првата половина на 2016-та ќе почне градба на експресен пат со 4 ленти, 38 километри, онака како што ветија во програмата.

На Градско - Прилеп,  почнува градба во октомври ноември годинава,  а Штип-Кочани, 26 километри, нов експресен пат од 4 ленти почнува градба во декември годинава.

Ранковце- Крива Паланка 26 километри проектот ќе биде готов следниот месец, градбата на овој експресен пат од четири ленти почнува во 2016-та година. Во моментот се градат 21 локален пат, до крај на годината ќе се почнат уште поголем број на нови локални патишта.повод прославата од 25 години ВМРО-ДПМНЕ истакна дека поддршката на народот не доаѓа незаслужено, туку дека е со причина и резултат на макотрпна работа.

 

 

Оцени ја веста

22.06.2015 - 16:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега