Марлин Статзман е новиот пријател на Македонија

 

Обединетата македонска дијаспора информира дека најновиот член на конгресната група на пријатели на Македонија и Американците со македонско потекло е конгресменот Марлин Статзман (републиканец од Индијана). Тој го претставува третото гласачко тело на Индијана и е втор конгресмен од оваа соединета држава кој и се приклучил на македонската кауза.

 Конресменот Статзман, избран за Конгресот во 2010, е член на финансискиот комитет на Конгрес и предводник на Републиканците од Индијана во Претставничкиот дом Конгресменот Статзмане член на поткомисијата за финансиски институции и потрошувачки кредити, како и на поткомисијата за монетарна политика и трговија. Пред да биде избран за Конгресот, Статзман служел во претставничкиот дом (2002-2008) и државниот сенат (2008-2010) на Индијана. Кога за првпат го избрале на 26 годишна возраст, тој, до 2006, бил најмладиот служебник во законодавството на соединетата држава Индијана.

 -Ми преставуваше огромно задоволство да го запознаам конгресменот Статзман и лично му се заблагодарам за неговата поддршка на македонско-американска заедница во Форт Вејн, Индија, како и за потегот да стане член на македонската кауза, изјави претседателот на ОМД, Методија Колоски.

 Форт Венј, Индијана, е дом на една од најстарите македонско-американски заедници во САД која започнала да емигрира уште пред еден век. Претходната година, Форт Вејн беше домаќин на 91-та конвенција на Македонската патриотска организација, а во исто време е дом на најстариот континуирано печатен македонски весник во светот, Macedonian Tribuneоснован во 1927, како и на македонски музеј.  

 Заедницата воглавно се собира во црквата Св. Никола која била основана од Американците со македонско потекло, по завршувањето на Првата светска војна. Во ноември оваа година, таа ќе биде домаќин на 43-от годишен македонски бал во чест на културното наследство од нејзините основачи.

 -Марлин Статзман е човек со длабока верба, човек кој високо го почитува семејството и ја сака слободата. Семејството, вербата и слободата се преоритети кои го дефинираат, рече Тимоти Гоеглин, Американец со македонско потекло, роден во Форт Вејн, специјален асистент на американскиот претседател Џорџ Буш и заменик директор на канцеларијата за врски во Белата куќа од 2001 до 2008.

 -Форт Вејн се гордее со повеќе од 100 години богата македонска историја. Овде спаѓаат  советници на американските претседатели, градоначалници, доктори, професори, судии, бизнисмени, адвокати, како и други луѓе кои заедно ги претставуваат сите аспекти на нашето американско општество, изјави претставникот на ОМД за Индијана, Арџи Н. Белио. 

 Конгресната група за Македонија функционира како орган за одржување и зацврстување на позитивната и обострано корисна врска помеѓу САД и Македонија.

Како глас на македонските Американци во Вашингтон, ОМД со нетрпение очекува да ја продолжи соработката со сите членови на конгресната група за Македонија, со цел понатамошно зацврстување на македонско- американските односи. ОМД ги охрабрува сите Американци со македонско потекло да ги контактираат своите претставници во Конгресот и да ги замолат да и се придружат на Конгресната група за Македонија, стои во соопштението од ОМД.

најчитано сега