Груевски: Народот ќе му го зададе финалниот удар на СДСМ

 

Свесни сме дека на народот му е преку глава од избори, но оваа игра е така сложена што нам ни е потребна одлучноста на народот на нашите поддржувачи за да се зададе финалниот удар кон заговорниците на насилно доаѓање на власт. И тоа ќе биде громогласен одговор на сите скептици и на сите циници кои одозгора гледаат врз нашиот народ.

Ова го истакна премиерот Никола Груевски на синоќешната прослава по повод 25 години постоење на ВМРО-ДПМНЕ.

-Да, тоа ќе биде вистински историска победа, победа на нашиот наспроти нивниот концепт, тоа ќе биде победа на оние кои работат и даваат резултати и дела, над оние кои работата на интриги и манипулации, победа, на оние кои со континуирани напори низ реформи и промени, ја придвижуваат земјата напред, наспроти оние кои веруваат и се борат преку создаваање криза во земјата, криза во економијата, бркање на инвеститорите кои отвораат нови работни места, да се доберат до власт. Победа на оние кои градат, кои градат патишта, железници, мостови, аеродроми, фабрики, институции, итн, над оние кои прават се, да ја запрат таа градба, за преку неа да не се препознае нивната безидејност и неработење во минатото, затоа што народот повеќепати им даваше шанси. Победа на оние кои се трудат да му удоволат на народот преку реализација на ветеното, над оние кои гледаат и очекуваат некои други, како што гордо пишува во СМС пораките Заев до Тачи, некој друг да ги донесе на власт. Не спремаат, вели да не донесат на власт пријателите. Не им е пријател народот, туку некој кој ги спремал за на власт, тој го нарекуваат пријател, посочи премиерот.

Груевски вели дека ВМРО-ДПМНЕ немале план да го скратат својот мандат доверен од народот. Нопоради ваквата состојба во државата изборите сепак треба да се случат, а на истите народот ќе му одговори на Зоран Заев.

-Иако претходно не планиравме предвремени избори, иако верувавме дека ова ќе биде прв мандат истеран до крај, сепак, ситуацијата во која СДСМ ја донесе државата, помогната според кажувањето на Заев од други сили, гледајки дека СДСМ не планира да запре со урнисувањето на државата преку невраќањето во парламентот и создавањето лоша атмосфера, проценивме дека овој пат потребна е интервенција на народот, на организирани, фер и демократски избори, каде народот ќе одговори и на СДСМ и на нивните сценаристи, кој е кој во оваа држава, поточно која е силата на манипулантите, а која е силата на народот во Македонија, потенцираше Груевски.

 

 

Оцени ја веста

21.06.2015 - 14:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега