Груевски: Без народот не би постоела државата - без народот не би постоела ни ВМРО-ДПМНЕ

 

Денес ВМРО-ДПМНЕ е најсилната, најмоќната и најбројната партија во Македонија.

Ова вчера го истакна Никола Груевски, за време на својот говор по подов прославувањето на 25 роденден на ВРМО-ДПМНЕ.

-Партијата која денес брои 170 илјади членови, речиси половина милион поджувачи,и  е главен столб и двигател на развојот и стабилноста  на Република Македонија. Но и партија која низ годините помина низ многу премрежија,најпрвин низ многу внатрешни поделби и раслојувања во нејзините први 15 години, дел од нив предизвикани со смислено делување од надвор, дел како резултат на внатрешни недоразбирања и различни видувања, а во последните 10 години, иако обединете како никогаш досега, се соочи со повеќе надворешни удари и премрежија кои за среќа успешно ги преброди и чекори напред, и секогаш излегуваше посилна од дотогаш.

Тој истакна дека тоа се времиња во кои на најнедемократски начин се воделе досиа за партијата, се следеле сите движења и комуникации во жолтата зграда која беше на ова место, се изживувале со судбините на луѓето кои делуваа во партијата, времиња на досиејата ТЕМЕЛ, Сина птица, па кога се фалсификуваа афери  како летоците на бугарски јазик, или шпекулации дека двајца со бради и беретки биле видени на местото на настанот на атентатот на Глигоров, времиња во кои да се биде вмровец беше да се вкалапиш во некаков стереотип кој го креираа тогашните служби на партијава која сега е во опозиција и води лажна битка за демократија, времиња невремиња, кога активистите без да помислат на тоа што партијата ќе направи за нив крстосувале низ државата и ја граделе партијата и темелите на нејзиното делување.

-Денес на оваа 25 годишнина ги поздравувам прво сите тие луѓе од прв до последен кои го создадоа јадрото на ВМРО-ДПМНЕ независно на нивната денешна политичка ориентација, кои ја формираа партијата и делуваа во рамките на партијата. Почетното заедничко делување на Љубчо Георгиевски основач и прв претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Богдановски најголемиот македонски дисидент во комунизмот, идеолог и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Борис Змејковски првиот генерален секретар, главен теренец и моторот на партијата, Гојко Јаковлевски и Мане Јаковлевски, Владо Трнталовски и Дијана Трнталовска, Васил Наумов, Драги Арсов, едни од клучните личности при основањето, како и повеќе други,  се луѓе кои на централно ниво започнаа да ја формираат и реализираат идејата за партијата, на која подоцна и се приклучија стотици и илијадници други храбри луѓе.Честитки за нивното делување и почит за она кое тогаш го направија, истакна Груевски.

Како што посочи тој, пред нивниот храм, пред нивната тврдина, кој објект се именува по името на првиот претседател на македонската револуционерна организација, Др Христо Татарчев, овде на овој нов плоштад, плоштадото ВМРО, среќен роденден за сите членови на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ова е ваш празник, ова е празник на сите наши членови, на сите наши поддржувачи, вие сте партијата, вие сте душата и силата на партијата, како што сте и силата на државата. Народот, човекот, е тој што ги сочинува работите и кои на сите здружувања, организирања, акции, активности, процеси, судбини и историски предизвици им дава смисла и логика на постоење. Без народот не би постоела државата, без народот не би постоела ни ВМРО-ДПМНЕ, заклучи тој.

 

 

Оцени ја веста

21.06.2015 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега