До крајот на годината започнува изградба на нови експресни и регионални патишта

 

Во октомври ноември годинава почнува градба на патот Градско Прилеп, а Штип Кочани во должина од 26 км, нов експресен пат од 4 ленти почнува градба во декември годинава.

-Исто така експресен пат со 4 ленти, Охрид,Пештани е проектот ќе е готов во август, градбата почнува во првата половина на 2016 на Битола-Ресен-Буково, со изведба почнува од следниот месец јули, објасни Груевски.

Од септември 2015 започнува и градбата на Мокрино-Смоларе и Дојран Николич, изведба на Делчево Голак од октомври, Лажани Ропотово во декември, Кривогаштани Воѓани на почетокот на октомври, Кочани Македонска Каменица-Делчево, во должина од 30 км како готов проект ќе биде во јули годинава, а градбата ќе започне од мај 2016та.

-Ранковче Крива Паланка во должина од 26км ќе биде готов проект во јули 2015 ,нов експресен пат со 4 ленти, почнува градбата во 2016 година. Пробиштип-Пониква, Тораница САСА, Старо коњарево-Ново Коњарево, Кичево-Извор, започнува со изведба од јуни 2016. Во моментот се градат 21 локални патишта, а до крај на годината ќе се почнат повеќе нови локални патишта, рече Груевски.

 

 

Оцени ја веста

20.06.2015 - 22:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега