Груевски: Изборите ќе бидат најважната победа, пораз на идејата без работа и со насилство да се дојде на власт

 

Изборите ќе бидат најважната победа, пораз на идејата без работа и со насилство да се дојде на власт.

Ова го истакна вечерва премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, при своето обраќање пред насобраната толпа поддржувачи по повод прославата на 25 роденден на ВМРО-ДПМНЕ.

-Затоа таа победа  и тие избори ќе бидат референдум, тоа ќе биде најважната победа затоа што со таа победа во Македонија ќе се порази идејата да некој без работа и труд, а со интриги и манипулации, со плаќање пари некому нелегално да снима разговори кои подоцна ќе се креираат, сечат, лепат и ставаат во погрешен контекст, со плаќачи на тие пари пари кои имаат свои интереси, со втерување страв кај населението дека против секого имале матерјал, ќе се победи на избори. Не народот нема да го дозволи тоа. Ќе интервенира во негова корист, и ќе го запре и казни овој валкан и подмолен обид за  доаѓање на власт, затоа што знае дека ако не го запре и казне, ќе го охрабри, и тие луѓе и во иднина ќе се обидуваат да опстојат со истите методи, истакна Груевски.

Премиерот посочи дека тоа ќе биде вистински историска победа, победа на оние кои работат и даваат резултати и дела, над оние кои работата на интриги и манипулации.

 

 

Оцени ја веста

20.06.2015 - 21:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега