Груевски: На демократски избори ќе се види силата на народот
Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, истакна дека силата на народот ќе се види на демократски избори.
-Иако претходно не планиравме предвремени избори, иако верувавме дека ова ќе биде прв мандат истеран до крај, сепак, ситуацијата во која СДСМ ја донесе државата, помогната според кажувањето на Заев од други сили, гледајки дека СДСМ не планира да запре со урнисувањето на државата преку невраќањето во парламентот и создавањето лоша атмосфера, проценивме дека овој пат потребна е интервенција на народот, на организирани, фер и демократски избори, каде народот ќе одговори и на СДСМ и на нивните сценаристи, кој е кој во оваа држава, поточно која е силата на манипулантите, а која е силата на народот во Македонија, потенцираше Груевски.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа