Груевски: Оваа криза беше долго планирана но имаше една фабричка грешка, го потценија народот
Оваа криза може да ја разреши само народот со својот збор со својата поддршка...на очиглед и во присуство со претставници на ОБСЕ како никогаш досега. Колку повеќе од нив дојдат, подобро за нас и нашата држава, подвлече претседателот на Владата, Никола Груевски на прославата по повод 25 години од основањето на ВМРО-ДПМНЕ.
-Оваа криза не дојде случајно. Таа била долго планирана и подготвувана. Но таа така беше искреирана што во себе имаше една фабричка маана, го потцени народот неговиот капацитет за расудување, и неговата волја, рече тој.
Груевски подвлече дека не може на сила да се наметнуваат решенија со кои не се согласува мнозинството на народот, и тоа народот ќе го каже јасно и недвосмислено.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа