Груевски: Игрите на домашните петтоколонаши мора да бидат поразени
До домашните петтоколонаши сакам да порачам, дека нивните игри, шпионски методи, нивните антидржавни делувања, има народ во ова земја кој ќе ги спречи и на кои ќе им се спротивстави. Тоа мора да се покаже ако сакаме да бидеме ценети секаде.
Ова денеска на прославата по повод 25 години од основањето на ВМРО-ДПМНЕ го порача премиерот Никола Груевски.
-Да се покаже дека не може да се случи вака крупна игра во државата со цел рушење на системот, да помине, а народот тоа да не го казни. Затоа што народот е оваа држава. Не е државата ни Заев, ни Груевски ни никој поединечен политичар. И нема подобар одговор од тоа, отколку соочување со народ. Има многу што треба да се соочат со волјата на народот и наша цел е таа, порча Груевски.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа