Груевски: Одиме во голема победа која ќе се памети

 

 Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски ги повика граѓаните да излезат масовно на предвремените избори следната година и да дадат масовна поддршка за уште една нова победа на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој тоа го рече вечерва на плоштадот „ВМРО-ДПМНЕ“ пред новиот објект на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, изграден на местото на поранешниот, каде што владејачката партија одбележува 25 години од основањето.

Зградата е именувана „Палата д-р Христо Татарчев“ по првиот претседател на Централниот комиет на Македонската револуционерна организација и еден од нејзините основачи.

Роденденот на партијата-наследничка на историското ВМРО, Груевски им го честиташе најпрво на нејзините сновачи во 1990, како што рече јадрото на ВМРО-ДПМНЕ: Љубчо Георгиевски, Драган Богдановски, Борис Змејковски, Гојко и Мане Јаковлевски, Владо и Дијана Трнталовски, Васил Наумов, Драги Арсов и на стотици други кои им се придружиле. Посочи дека силата на ВМРО-ДПМНЕ доаѓа од членството и од поддржувачите.

- ВМРО-ДПМНЕ е најсилната, најмасовната и најбројната партија во земјата, со 170.000 членови и речиси половна милион поддржуачи, рече Груевски на одбележувањето на четврт век постоење на партијата што ја води.

„Нашата сила е нашиот народ, нашиот народ е нашата држава“ е слоганот со кој се одбележува роденденот на партијата

 

 

Оцени ја веста

20.06.2015 - 20:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега