Ѓорчев: 25 години ВМРО-ДПМНЕ е тука за сите граѓани и за интересите на Македонија
Пратеникот Влатко Ѓорчев кој е и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на гостувањето во вестите на Алфа истакна дека 25 години ВМРО-ДПМНЕ е супстанца и константа на Македонија и е секогаш тука за граѓаните и во добро и во лошо.
Во своето гостување тој зборуваше и за главната порака која вечерва ќе биде упатена по повод 25 години од основањето на ВМРО-ДПМНЕ.
Главната порака , подвлече тој, е дека ВМРО-ДПМНЕ е тука и е приврзана за Македонија и за македонските граѓани.
-ВМРО-ДПМНЕ има трајна одговорност да се грижи за македонските граѓани, а е и инклузивна партија за сите слоеви, сите етникуми и вери. ВМРО-ДПМНЕ има трајна одговорност да се грижи и за идентитетот и достоинството на Македонија, изјави Ѓорчев.
ВМРО-ДПМНЕ додаде тој, се труди да го испорача ветеното, да отвори нови фабрики, да изгради нови автопати, болници, се грижи за секојдневните проблеми на граѓаните.
Ѓорчев подвлече дека 9-кратното победување на избори се должи на испорачување на оба што е ветено.
-Тие 9 победи се резултат на вложен труд, затоа што еден или два пати може да се победи на блеф, но кога повторо треба да се добие довербата, веќе мора да се испорача ветеното. Груевски и тимот воведоа една пракса, детална програма со датуми и таргети. За да победиш треба да се фокусираш на она што ги интересира граѓаните, како и грижата за Македонија. Имаме победна на избори 9 пати по ред и сме убедени дека така ќе биде и десетиот пат кога и да се случи. Ние сме подготвени и не бегаме од соочување со граѓаните како што тоа го прави СДСМ и Зоран Заев, заклучи Ѓорчев.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа