Каравнот на манифестот за прекин на преговорите за името на Македонија тргна од Неготино

 

 

Караванот на Македонскиот манифест за прекин на преговорите за името денескa тргна од Неготино. Откако група интелектуалнци го промовираа манифестот во Скопје, денеска тие дојдоа на средба со неготинчани, за да им ја презентираат неговата суштина. Започна и собирањето на потписи од страна на граѓаните на Неготино за поддршка на овој манифест.

- Ние сме против референдум за името бидејќи такво важно прашање не се става на референдум. Референдумот е еден вид коцкање од кое никогаш не го знаете конечниот резултат. Со референдумот за територијална поделба многу добро се изгоревме па и ова ако пламне сега ние ќе одиме во ништо, нагласи во изјава за медиумите поетот Ефтим Клетников.

Тој истакна дека го прочитал последното интервју на премиерот кој, како што рече, многу отворено кажува дека целта на западот е да ни го сменат името и оти дури тогаш ќе не примат кај што сакаме.

Од манифестот истакнуваат дека имаат поддршка како од македонските граѓани, така и од иселениците. Планираат да соберат околу 150 илјади потписи, и се залагаат преговорите да прекинат.

Во иницијативниот одбор на Македонскиот манифест се поетот Ефтим Клетников, композиторот и диригент Запро Запров, историчарот Стефан Влахов Мицов, универзитетскиот професор Слободан Пренџов, писателот Александар Русјаков и композиторот Стојан Стојков,..

најчитано сега