Објектот наречен „Црн витез“ со децении кружи околу Земјата - никој не знае од каде е

 

Почетокот на педесетите години од минатиот век, Америка направи неверојатно откритие. Пронајден е голем сателит со непознато потекло, кој ритмично кружи околу Земјата и наводно пушта неидентификувани сигнали.

Прво стана претпоставка дека е во прашање еден од руските сателити,но во тоа време, ниту една земја не имала таква технологија која би можела да лансира сателит околу Земјината орбита.

Ова неидентификувано летало го проследија медиумите и почнаа да шират гласини дека е во прашање некаков вселенски објект. Поради тоа владата на САД официјално објави дека е во прашање само дел од вселенски отпад. Сепак шпекулациите и понатаму продолжија.

НАСА неколку пати го сликаше овој таканаречен Црн витез за да ја анализира неговата големина и изглед. Ова летало тежи околу 10 тони, а технологијата во тоа време воопшто не била толку развиена за да кој било на светот направи ваков предмет.

Иако Црниот витез не емитува ништо друго освен чудни нејасни сигнали, сепак нешто невообичаено се случило во 1963 година. За време на истражувањето на вселената таа година, астронаутот Гордон Купер изјави дека видел светлечки зелен објект како кружи околу земјата и се приближува до неговата капсула и тоа го пријавил во НАСА:

НАСА потврдила дека станува збор за Црниот витез, но Купер не смеел да дава никакви изјави за медиумите кога ќе се врател на Земјата. Наводно тој имал халуцинација поради високото ниво на јаглен диоксид и сето тоа го замислил.

Сепак, и понатаму не е познато дали е во прашање вселенски брод или голема завера и обид за затскривање на постојните вонземјани.

 

Некои теоретичари на завери тврдат дека Црниот витез и понатаму кружи околу Земјата, но дека астронаутите не смеат да зборуваат за него.

 

 

Оцени ја веста

12.06.2015 - 20:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега