Иванов на конференција со Бајден и Мекејн
Mакедонскиот претседател Ѓорге Иванов, задутре, во рамки на годишниот Седона форум на кој е најавено присуство на потпретседателот на САД Џо Бајден, ќе учествува на панел дискусија за обединување на Европа.
Тема на годинешниот форум, што го организира Инстититутот Мекејн, политичката организација на влијателниот американски републикански сенатор од Аризона Џон Мекејн, ќе биде ефективното промовирање на слободата и демократијата.
- Седона форумот е годишен собир на високо ниво на национални и меѓународни лидери од јавниот и приватниот сектор во организација на Институтот Мекејн, фокусиран на прашања од националната безбедност и надворешно политичките теми, а за промовирање на економската слобода и просперитет и унапредувањето на човековите права во регионот, соопшти Институтот Мекејн, кој го најави учеството на Бајден.
На конференцијата ќе учествуваат и сенаторите Линдзи Греем, Џон Кил, Кели Ајот, пензионираниот сенатор Џо Либерман, министерот за одбрана на Канада Питер Мекеј, извршните директори на Џенерал Електрик Џеф Имелт и на Волмарт – Бил Сајмон, претседателот на Грузија Михаил Сакашвили, поранешниот премиер на Русија Михаил Касјанов, дисидентскиот водач од Белорусија Андреј Саников и многу други.