Гладен Геро урда сонува

 

Овие денови најхумористичен лик е Героски. Жива забава е да го читаш што се’ си пишува. Менува ставови, не од ден на ден, туку веќе брка светски рекорди и менува став од час во час, а сигурен сум кај и да е ќе почне да менува став од минута во минута. И око не му трепнува за тоа. Како да нема публика која ги следи неговите текстови и останува фрапирана од лупинзите и салтата што овој човек ги прави.

Писмен новинар е и незнам што му треба оваа бламажа, но донекаде го разбирам бидејќи прво си има работа со Заев – политичарот со најнизок IQ во светот, и второ ѓаволски е тешко да се брани неодбранливото. А, може и годините се веќе во прашање и си го прават своето.

По дебаклот на неговиот пулен кукавицата Заев во Брисел, кој избега од избори како ѓавол што бега од крст, Геро пак се става во филмот „Мисија невозможна“, ама заборава дека не е Том Круз, туку Геро рибарот од Матка.

Е тој Герој рибарот од Матка, вчера, цел ден заедно со дувачкиот соросоиден оркестар сервираше патки дека наводно Груевски прифатил да не биде премиер за на полноќ да му излезе лично кукавицата Заев и да му каже дека Груевски не прифатил да не биде премиер. Во една минута Заев ги пушти низ вода Геро, Ацо Кабранов, Владе Мирчевски, Тања Милевска, Нана Милевска и останатите навивачки новинари, но за разлика од овие кои беа во Брисел и за кои присутните велат дека биле здраво столчени по фијаското на Заев, Геро од Матка нема никаква мака и продолжува да лае и денеска.

Гледам денеска му честита на Заев и вика паднал Груевски. Јаоооо!!! Па, измислува работи кои не се случиле, демек Груевски прифатил да си оди од премиерската функција, за во следната реченица да каже дека Груевски е виновен за фијаското на преговорите затоа што не сакал да си замине од премиерската функција. Таа лажна теза се вика троструко салто гертале.

Героски да се вратиме во реалноста. Денеска е 11 јуни 2015 година, а Груевски е премиер. Така ќе биде и на 11 јуни 2016 година,  и на 11 јуни 2017 година, 2018 година…итн. Не падна Груевски, туку паднаа твоите лаги и манипулации. Ти и твоите пајташи од соросоидните медиуми девет години секој ден викате дека Груевски падна и не е паднат, а и нема ни да падне се’ додека ги испорачува проектите кои им ги ветил на граѓаните. Ти, Заев, Милчин, Рада, Бранко, Бучко, Пендаровски, НЕМОЖЕТЕ да го соборите. Видовме дека неможете, колку и да не сакаш да си признаеш. Факт. И само продолжи да му честиташ на Заев. Јас те поддржувам во тоа и јас му честитам. Со Заев на чело на СДСМ за ВМРО ДПМНЕ нема зима, уште многу многу лета. Живејте си во својот нереален свет, само кога ќе се освестите ќе ви биде потешко. И кога му честиташ на Заев, честитај му и за тоа што оставил трага како нејнемушт политичар, кој било кога се појавил во ЕУ. Тој ќе остане предмет за потсмев и веројатно ќе биде изучуван под лекција „Како не треба да се однесува и дејствува еден политичар“. Остај тоа што незнаел да се снајде по ходниците, туку прашај го на кои седативи бил што постојано ја држел главата надолу со изгубен поглед и не одговарал на прашања при тоа гледајќи како одлепен.

Ако бил толку јак, зошто тогаш дипломат му кажал: „Господине Заев, си играте со судбината на вашата држава“, а твојот херој Заев молчел.

Можеби одговорот го дава друг дипломат, кој рекол дека „очогледно советниците му кажале само три чекори и само три реченици, па затоа на четвртиот заглавува, зошто мора сам да мисли“.

П.С. Прашај си го Заев убаво кон кого била насочена лавината од смеење кога Груевски соочен со немушноста на Заев, со ишарет кон присутните додека првиот човек на СДСМ бил со главата надолу, на мајтап му рекол: Да не сакаш да си и ко-премиер? Односно, не ти треба одговор, само погледни си го Заев и ќе видиш на кого му се смееле.

П.П.С. Најјако е што го фалиш Заев за изјавата „Нема пазарење“. Да те потсетам дека „Нема пазарење“ рекол човекот што рече „Треба да свиткаме кичма“, па види ти сега на кого урда му продаваш.

Дејан Николовски за Нетпрес

 

 

Оцени ја веста

11.06.2015 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега