Бегајќи од избори во нова криза: Доаѓаат тешки денови за Македонија
Лидерот на СДСМ ги урна преговорите и ја втурна Македонија во уште поголема криза. Заев сам ги демантираше медиумите на СОРОС кои вчера, цела вечер ширеа класични лаги и невистини дека Груевски прифатил техничка влада и негово повлекување, а единственото отворено прашање бил периодот на повлекувањето.
Заев самиот кажа дека Груевски не сакал да се повлече и директно ги замолчи медиумите на СОРОС.
Експертите предупредуваат дека со ваквата разврска на бриселската средба на следат лоши денови за Македонија. Според нив, сега не ни бега губење на препораката за старт на преговорите со Европската Унија, а може да се очекува и Брисел да назначи специјален пратеник, што ќе значи дека државата ќе биде ставена во група земји со безбедносен и политички ризик.
Покај ова, може да се очекува и голема економска штета. Граѓаните ќе продолжат да живеат во несигурност, а инвеститорите ќе ја намалат својата активност бидејќи кочи и спроведувањето на реформите а остануваат и се продлабочуваат тензиите.
Експертите велат дека Заев повлекол чекор како што го советуваат луѓето во СОРОС пред се Героски, Фрчкоски и Милчин со што според нив, се покажа дека тој нема капацитет да биде лидер и дека партијата ја заложил во СОРОС.
Со ова, според експертите, Заев ја втурна државата во нова, уште поголема криза и ќе следат тешки денови за Македонија
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа