Паника на Бихаќка: Избори во април не смее да има
Страв и паника владее во опозициските редови откако стана јасно дека нема начин да се побегне од соочувањето со граѓаните. Партиски извори за Pess24 велат дека по средбата со еврокомесарот Хан, во Скопје на Бихаќка се кројат планови како да се избегнат изборите за кои Заев прифати да се одржат во април минатата година.
Нашиот извор вели дека анкетите кои секојдневно ги добива СДСМ од својата омилена рејтинг агенција покажуваат дека по митинзите на двете партии во Скопје, опозицијата секојдневно ја губи довербата а разликата меѓу Груевски и Заев се враќа на ниво од 6:1 во корист на актуелниот премиер.
Во таква ситуација, најблиските соработници на Заев, пред се луѓето финансирани од СОРОС го советуваат лидерот на опозицијата да направи се што е во негова моќ изборите кои ги договори со Хан во април, воопшто да не се одржат, бидејќи ќе следи нова катастрофа.
Дел од луѓето кои се дел од „ергелата“ на СОРОС и јавно почнаа да бараат од Заев да се повлече од преговорите кои на 10 јуни треба да се одржат во Брисел.
„ Јасно е што кажува Хан - нема причина да се менува премиерот избран на „генерално позитивни“ избори. Посредникот отворено зазеде страна во преговорите, застана зад режимот на Груевски!!!
Во такви околности, раководството на СДСМ е должно веднаш да ги прекине преговорите и да ја продолжи борбата за слобода и за демократија. Па здравје, во некоја следна прилика, со некои други, непристрасни посредници, може пак да се преговара... Овие преговори се минирани и ако продолжат, тие неизбежно ќе завршат со капитулација на отпорот против диктатурата.
Простете, но јас со тоа не можам да се согласам!!!“ – напиша уредникот на соросвите Слободен Печат и Плусинфо Бранко Героски.
Од друга страна, во ВМРО-ДПМНЕ владее конструктивна атмосфера. Партиски извори за Press24 велат дека партијата се подготвува во конструктивна атмосфера да се најде решение кое ќе овозможи крај на политичката криза и простор Македонија да продолжи на својот пат за брз економски развој и креирање на нови работни места.
И премиерот Груевски во интервју за Сител завчера рече дека договорот со Хан во Скопје е позитивен импулс за надминување на кризата. Груевски потенцираше дека со прифаќањето на предремените избори во април, ВМРО-ДПМНЕ покажа дека верува во својата политика и во ставовите на граѓаните.
„Со вчерашната наша реакција ние покажавме и сигурност со ставовите на граѓаните со правец на нашата поддршка, во поддршка на нашите политики, на нашите реформи, проекти кои ги ветуваме и реализираме, на зголемувањето на платите, пензиите, социјалната помош, отворањето на илјадници нови работни места како никогаш досега, привлекување нови компании и од земјата и од странство, поддршката на земјоделците, инвестициите во здравството во образованието и во сите други сфери. Вчерашниот наш чекор е покажување и сигурност дека ние веруваме и цврсто сме убедени дека граѓаните ќе ја одберат повторно оваа опција, а не опцијата на деструктивност на ширење на омраза, нема да ја одберат опцијата со која се сака да се нанесе штета на државата заради партиски или личен интерес на некого или некој да дојде на власт. Таа опција повторно ќе биде поразена“, дециден е премиерот Груевски.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа