Хорор сообраќајка во Скопје: Загина младо момче - шестмина во болница

Страшна сообраќајна несреќа се случила вчера во Скопје. Според податоците на Курир, половина час по полноќ се судриле три автомобили, сите со скопски регистерски таблички, „Ауди“ управувано од 20-годишниот С.А., „Ровер“ кој го управувал Амир Б. (22) и автомобил „Сеат“ кој го возел 42-годишниот Б.Е. на улицата Лазо Трповски.

Во несреќата со тешки повреди се здобил возачот на Роверот кој со Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар каде за жал им подлегнал на повредите. Во страшната несреќа полесно повредени се и другите двајца возачи, како и четворица сопатници кои се наоѓале во автомобилите, Б.А. (24), Е.И. (21), А.Е. (18) и А.Е. (19). Истите се пренесени во Ургентниот центар и во ГОБ „Св. Наум Охридски“.

 

 

Оцени ја веста

04.06.2015 - 09:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега