Македонија лидер во Балканот и Европа за најниска цена на струјата

 

Македонците според најавите на Регулаторната Комисија за енергетика од понеделник ќе плаќаат пониски сметки за електрична енергија, а се работи за намалување од  5,24%. Отфрлени беа барањата на трите енергетски компании Елем, Мепсо и ЕВН за поскапување на струјата и на седницата на регулаторите одлучено беше цената на струјата да биде намалена.

Курир направи анализа споредувајќи ги цените на струјата кои се користат за домаќинствата во европските држави според која граѓаните на Република Македонија најмалку плаќаат за услугите на струјата и тоа со новата цена од 3,50 денари за KW/h.

Словенците плаќаат највисока цена на струјата или 7,30 денари за KW/h (пресметано во денари), веднаш зад нив се Турците кои плаќаат 6,96 денари за KW/h, па Грците кои плаќаат 6,71 денари за KW/h. Веднаш зад нив на четвртото место се Хрватите кои плаќаат 6.55 денари за KW/h. Нешто помалку плаќат Албанците 5,52 денари, Србите околу 5 денари за KW/h, па Црногорците кои плаќаат 4,78 денари. Бугарите плаќаат 4,52 денари за KW/h.

Ова се цените а струјата во земјите во Европа во KW/h:

Belgium 10.52

Bulgaria 4.52

Czech Republic           7.10

Denmark 14.07

Germany (until 1990 former territory of the FRG)      12.67

Estonia 5.31

Ireland 10.84

Greece 6.71

Spain 10.77

France 6.86

Croatia 6.55

Italy 10.87

Cyprus 13.77

Latvia 6.48

Lithuania 6.00

Luxembourg 8.07

Hungary 7.37

Malta 8.05

Netherlands 8.97

Austria 9.58

Poland 7.35

Portugal 9.77

Romania 5.09

Slovenia 7.30

Slovakia 8.15

Finland 7.38

Sweden 9.86

Serbia 5.00

United Kingdom          8.88

Iceland 5.51

Norway 8.40

Montenegro 4.78

MACEDONIA Стара цена: 3,74 Нова цена: 3,50

Turkey                        6,96

Albania                       5.52

Bosnia and Herzegovina                    3,80

 

Извор: Курир

ФОТО: Нетпрес

 

најчитано сега