Конкурс на НАСА - кој нема кров на глава на Земјата може да се пресели на Марс или Месечината

 

Иако не откри докази дека постои живот ниту на Месечината ниту на Марс, Американската свемирска агенција, НАСА распиша конкурс (3D Printed Habitat Challenge) за да се осигура дека идните жители на земјиниот сателит и црвената планета ќе имаат кров над глава.

Овој проект предвидува развој на технологија за изградба на куќа надвор од нашата планета, со помош на користење на локалните ресурси, и рециклираните материјали.

Целта е благовремена, изградба на дом за колонисти кои еден ден ќе ги населат Месечината и Марс.

Планот е да на Месечината и Марс се испратат автономни градежни машини кои ќе ги градат стамбените единици наменети за луѓето.

Во првата етапа е конкурсот кој ќе биде отворен до 15 јули а од заинтересираните се бара да замислат реалистичка архитектонско решениа во 3D. Победникот на конкурсот ќе добие 50.000 американски долари.

Втората етапа победникот ќе освои 1,1 милион долари, а ќе биде посветена на технологија на 3D принтовани технолошки комбинации на увозени и локални материјали, додека во третата етапа акцент ќе биде ставено на изградбата на стамбени единици во наведената технологија“, се наведува во соопштението на НАСА.

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

01.06.2015 - 10:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега