Заев сака со лаги да предизвика конфликт

 

Опозицискиот лидер Зоран Заев со лаги сака да предизвика меѓуетнички конфликт кој ќе има за цел да го спречи неговото пропаѓање. Новинарот на германскиот весник „Ди цајт“ директно го демантираше Заев дека неговата изјава поврзана со случајот „Монструм“ била погрешно интерпретирана.

Иако Заев тврдеше дека не рекол дека осудените за „Монструм“ се невини, демант за ваквата лага стигна лично од новинарот од германскиот весник кој го правеше интервјуто со Заев и кој истакна дека Заев го рекол токму спротивното, односно дека осудените се невини и тие непотребно седат во затвор, а за тоа поседува и снимен разговор.

Авторот на интервјуто во влијателниот германски неделен и онлајн весник „Ди Цајт“ кој според Заев погрешно ги интерпретирал неговите зборови тврди дека нема никаква погрешна интерпретација во интервјуто со лидерот на Социјалдемократскиот сојуз и ниту еден збор не е погрешно пренесен.

Интервјуто кое што го пренесоа десетици македонски, регионални и други странски медиуми беше објавено под насловот „Осудените (за Монструм) се невини“. 

Германскиот новинар Улрих Ладурнер, кој покрива низа теми од надворешната политика и правел интервјуа со голем број странски политичари, тврди дека лично разговарал со Заев и дека го снимил целото интервју со него. 

Тој, јави дописникот на МИА од Берлин, вели дека досега ниту тој ниту весникот не добил демант или каква било реакција од СДСМ или нејзиниот лидер. Доколку таква реакција пристигне весникот за брзо време ќе реши дали и во каква форма да ја објави. 

Ова значи дека новинарот не би го доведувал во прашање кредибилитетот на весникот за една лага пласирана од Заев. Играта “реков- па пореков“ е сосемо свесно сценарио на Заев со кое преку лаги сака да ја сензибилизира јавноста за ваква ранлива и чувствителна тема која лесно може да распламти конфликт од меѓуетнички карактер.

Желбата на Заев за меѓуетнички конфликт, коментираат упатените е за да се спаси самиот себе и со ваквите и слични лаги сака да го зголеми вниманието за “бомбите“ меѓу кои и оваа, а за која се поизвесно е дека ќе се види дека во креираните разговори нема ништо скандалозно, исто како што излезе  со „бомбите“ за името, Никола Младенов, Мартин Нешковски и низа други.  

Авторот на интервјуто кој тврди дека ниту еден збор не е погрешно пренесен, претходно го постираше написот и на неговиот профил на социјалната мрежа Твитер. СДСМ испрати демант до македонските, но не и до германскиот медиум, сакајки разоткриената лага да ја стави под тепих. Ставот на „Ди Цајт“ е дека доколку таква реакција пристигне весникот за брзо време ќе реши дали и во каква форма да ја објави. 

Заев со ваквата лага и со измислени работи сака да се додвори кај албанското гласачко тело и да предизвика немири. Ваквото додворување веќе стана принцип на делување на опозицискиот лидер. Претходно, Заев се заложи за федерализација на земјава на косовската телевизија и откажување од идентитетските прашања, како и внесување на мултикултурализмот во преговорите.

Претходно, на митингот на СДСМ во Скопје имаше развиорени знамиња со карти на Голема Албанија и поддршка за 113-та бригада, чии команданти беа дел од кумановската терористичка група. Јавноста нема да заборави и дека Заев во мигови на национална жалост отиде насмеан да се слика во кумановската Дива населба, правејќи го знакот на УЧК.

 

 

Оцени ја веста

29.05.2015 - 15:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега