Дали СДСМ испрати демант до германскиот весник?

 

Опозицискиот лидер Зоран Заев во фунција на кревање на меѓуетнички тензии со манипулации и целосно лажен наратив игра на картата на предизвикување на конфликт со цело да го запре сопственото пропаѓање.

Дел од ова сценарио на Заев е и вчерашната изјава за германскиот весник „Ди Цајт“ поврзана со случајот „Монструм“, во која беше пренесено тврдење на лидерот на СДСМ дека осудените во овој грозоморен случај биле невини.

-Седумтемина етнички Албанци кои се осудени за случајот Смилковско езеро се невини, беше изјавата на Заев во интервју за германскиот весник, која опозицискиоте медиуми кои се под директна контрола на СДСМ ударно ја објавија, за потоа Заев да ретерира и да се огради, со објаснување дека истата била “погрешно интерпретирана“ од германскиот новинар.

Сепак, и покрај ретерирањето на Заев од изјавата, за кое не се знае дали е намерно или пак ненамерно, веќе е посеана атмосферата на конфликтност со истата и таа претставува играње со чувствата на семејствата на жртвите и обвинетите во овој случај.

Исто така, прашањето кое неминовно се поставува е дали СДСМ испрати демант до германскиот весник „Ди Цајт“, имајќи во предвид дека најголемата опозициска партија постојано го прави тоа кога Заев ќе биде “погрешно интерпретиран“ од домашните медиуми.  

 

 

Оцени ја веста

28.05.2015 - 17:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега